Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шефот на Општинскиот изборен штаб на СДСМ, Оливер Спасовски смета дека приговорите за изборните нерегуларности што се поднесени од ВМРО - ДПМНЕ до ДИК, нема да влијаат врз победата на Дамјановски, ако евентуално има прегласување во некои избирачки места.
Од ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога губат и кога не можат да направат резултат плачат. Затоа имаат и поднесено 32 приговори, меѓутоа од нив има само 7 забелешки на официјалните записници од избирачките места. Таму стои дека имало семејно гласање, дека се агитирало пред избирачки места, дека некој со автомбил носел гласачи на избирачки места, меѓутоа никаде нема дека има повреда на избирачкиот процес. Каде беа нивните претставници да ги пријават нерегуларностите во текот на денот, туку синоќа кога ги видоа изборните резултати, поднеле приговори до ОИК - рече Спасовски.
Тој им порача на политичките противници дека попусто 23 години се трудат да го придобијат Куманово, и дека залудно славеле во првиот круг, кога борбата и натпреварот се играле 90 минути.