×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СПМ организира трибина за животот и делото на Гоце Делчев

    24.01.2020 09:25 | KumanovoNews

    Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) организира научна трибина „Животот и делото на Гоце Делчев во колективната меморија на македонскиот народ“, на 3. февруари во партиските простории во Скопје.

    СПМ организира трибина за животот и делото на Гоце Делчев

    - Oпштинската организација на СПМ Куманово ги информира своите членови и симпатизери како и граѓаните на Куманово дека на ден 03.02.2020 во седиштето на Социјалистичка партија на Македонија во Скопје со почеток од 11 часот во големата сала ќе се одржи научна трибина за живот и делото на Гоце Делчев во колективната меморија на македонскиот народ.  Затоа ги  повикувам членовите и симпатизерите на партијата, како и граѓаните на Куманово да дојдат и да присуствуваат на оваа исклучително квалитетна трибина, - изјави Жарко Милошевски, претседател на општинската организација на СПМ Куманово.

    Со своите трудови пред присутните ќе се обратат најеминентните професори - историчари: Михајло Миновски, Наташа Котлар Трајкова, Тодор Чепреганов, Никола Жежов, Иванка Василевска, Новица Велјановски, Ѓорѓи Малковски, Виолета Ачковска, Стефан Влахов Мицов и Бранимир Светозаревиќ,

    Трибината се организира по повод 4 февруари - роденденот на македонскиот револуционер Гоце Делчев, кој е роден е во Кукуш, на 4 февруари 1872 година,  а загинал во селото Баница, 4 мај 1903 година.