Споменикот Зебрњак ќе се обновува на пролет

14.01.2010 10:13 | KumanovoNews

 Со договор за културна соработка помеѓу министерствата за култура на  Република
Македонија и Република Србија ќе се обновува Спомен-костурницата на Зебрњак.

Споменикот Зебрњак ќе се обновува на пролет

 Договорот предвидува нашето министерство да даде согласност, а српското
да обезбеди сретства за обновување на споменикот. „На 100 годишнината од битката на Зебарњак на 24 октомври на споменикот треба да му биде вратен некогашниот изглед. Проектот  за реконструкција веќе е готов, но ќе биде извршена ревизија на истиот и ќе се направи идеен проект. Некаде од април би требало да почнат работите на терен„ - изјави Драган Недељковиќ, заменик министер за култура. 
  Проектот предвидува предходно да се асфалтира патот до споменикот, а просторот да се оплемени со нови содржини и хортикултурно ќе се уреди во една целина.
 Споменикот на Зебарњак бил изграден 1937 година на местото каде се одвивала
Кумановската битка и била извојувана голема победа на српската војска против
Турците во Првата балканска војна. Во битката загинале 760 војници, а победата
значела почеток на распаѓањето на турската империја. Споменик бил висок 48,5 метри, кој го урнала бугарската војска за време на Втората светска војна.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk