Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Рафали и истрели од огнено оружје се слушаат и утринава во населбата Тоде Мендол, по мирната ноќ.
Според, жители на улицата Трета МУБ, престрелката се води околу Зелениот пазар. Се претпоставува дека повторно има повредени полицајци, бидејќи неколкупати интервенирала Брза помош. Најсилните пукотници се слушнаа во 7.30 часот, а траеше десетина минути. Од тогаш има само спорадични истрели. Хелихоптери го надлетуваат теренот. Се претпоставува дека се чисти куќа по куќа од вооружените луѓе кои сеуште се на терен.
Кумановци се вознемирени што судирите продолжуваат и се почесто ги напуштаат своите домови. Улиците се речиси празни.