×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спортската сала без струја

    02.09.2015 12:16 | KumanovoNews

    Претседателот на Општинскиот сојуз на спортови, Сашо Петрушевски денеска на прес-конференција побара  во Спортската сала во Куманово да се обезбеди нормално напојување со електрична енергија за да не трпи спортот во градот.

    Спортската сала без струја

    Тој не кажа колкав е долгот кон ЕВН Македонија, но смета дека со помош на надлежните институции проблемот може да се реши.

    На прагот е натпреварувачката сезона во сите спортови во Куманово, и ако за десетина дена не се разреши овој проблем, спортот во Куманово и сите овие луѓе спортисти, а и сите млади луѓе во Куманово ќе изгубат многу. Општинскиот сојуз на спортови се обрати до сите релевантни структури во Република Македонија. Значи пративме писмо до ЕВН, до Влада на РМ, ја вклучивме и општината и градоначалникот на општина Куманово, се со една цел да се разреши проблемот со напојување со електрична енергија, како спортот во градот би можел да продолжи - изјави Петрушевски.

    Петрушевски кажа  дека Спортската сала неколку месеци е без напојување со електрична енергија, но смета дека ако постои волја без разлика колку изнесува долгот, проблемот ќе се реши.