×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спортските клубови од Куманово добија ваучери од АМС. Кој се` доби и колку?

    24.12.2019 07:19 | KumanovoNews

    Агенцијата за млади и спорт (АМС) ја објави листата со дополнителните ваучери за финансиска поддршка на спортските клубови во државата.

    Спортските клубови од Куманово добија ваучери од АМС. Кој се` доби и колку?

    Станува збор за дополнителни 6 милиони евра кои може да ги искористат федерациите, клубовите и индивидуалните спортисти за омасовување и постигнување врвни резултати. Дополнителните ваучери беа најавени при крајот на септември, откако дел од спортските клубови од понизок ранг реагираа затоа што не се опфатени со ова мерка.

    Се работи за ваучери со кои клубовите може да добијат пари од стопански субјекти од данокот на добивка, кој треба да го платат на државата. Па место на државата да им бидат доделени на спортските клубови. Овие дополнителни ваучери мора да се искористат до крајот на ова година.

    Според објавената листа, за екипни спортови, средства доби Кошаркарскиот клуб Куманово АД  3.620.165.00 денари и Младинскиот кошаркарски клук (МКК) Куманово - 1.475.205.00 денари.

    Ракометниот клубови Куманово доби 1.131.492.00 денари, а Женскиот ракоментен клуб (ЖРК) Куманово - 860.400.400 денари.

    Поддршка доби и Фудбалскиoт клуб ФК Куманово 2012 во висина од 1.074.343.00 денари, Женскиот фудбалски клуб (ЖФК) Речица  229.311,00 денари и КМФ Биџо 21.218.00 денари.

    Во индивидуалните спортови Атлетскиот клуб Куманово доби 276.250.00 денари, ССРИ Куманово 253.500.00 денари и ВК Велом М - 255.725,00 денари.

    За неолимписки спортови за КБК Куманово 2006 се одвоени  49.558.00 денари и Аеро клуб Куманово - 54.000.00 денари.

    Инаку ова е втора транша финансиска подршка што државата им ја дава на спортските федерации, клубови и спортисти за ова година. Летово беше објавена листа со клубови со првата финансиска подршка, кога беа доделени ваучери само на клубовите кои беа во највисокиот ранг на натпреварување.

    Тогаш ЖРК доби 1.720.800 денари, КК Куманово АД - 6.740.568 денари, АК Куманово - 552.500 денари, ССРИ Куманово-507.000 денари, ВК Велом М 511.450 деанри, КБК Куманово 2006 - 114.000 денари, Аеро клуб Куманово - 108.000 денари, Клуб Д Стронгест и Рутс Куманово - 95.000 денари.