Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На граничниот премин Табановце изминативе денови во два наврати е спречен шверц на девизи.
Во првиот случај се работи за 6.500 , а во вториот за 12.000 евра.
На 6 месецов за излез од Македонија пријавено е патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки управувано од српски државјанин со иницијали М.О. На прашање на цариниците дали има нешто да пријави изјавил дека носи со себе 10.000 евра, но при извршена контрола пронајдени се уште 6.500 евра за кои лицето не поседувало никаков доказ за потекло. Согласно Законот за девизно работење, непријавените 6.500 евра привремено се задржани.
На излез од Република Македонија вчера извршена е контрола на патничко возило марка “мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки со кое управувал Т.И кој патувал со сопругата. По извршен претрес, во личниот багаж на пријавениот откриени се непријавени 12.000 евра. Согласно Законот за девизно работење, привремено задржани се 8.000 евра, а по 2.000 евра се вратени на патниците.