Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Откриена и спречена продажба на свињи по потекло од Куманово, во координирана акција на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Министерството за внатрешни работи (МВР).
Добитокот е откриен во селото Мирковци, а по спроведената контрола од страна на инспектор на АХВ, утврдено е дека свињите по потекло од Куманово.
„Не се идентификувани согласно Законот за идентификација и регистрација, не се пропратени со сертификат за здравствена состојба на животните и нивниот промет се врши спротивно на член 58 од Законот за ветеринарно здравство и Решението за заштитни и контролни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите. Согласно одредбите од Законот за ветеринарно здравство, а во врска со наредените мерки за заштита и контрола на оваа болест, животните се одземени, убиени и нештетно отстранети на товар на сопственикот на животните“, соопшти АХВ.
Против сопственикот ќе биде поднесена соодветна прекршочна санкција.