×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Србите го одбележаа денот на сеќавање

    24.03.2012 13:37 | KumanovoNews

     Обединетата српска заедница и Српската заедница во Куманово денеска го одбележаа 24 март, Денот на сеќавање на  бомбардирање на Србија од НАТО алијансата.

    Србите го одбележаа денот на сеќавање

     Двете организации, посебно со своите членови, во црквата Света Тројца, запалија свеќи и им оддадоа почит на загинатите во нападите. Пред присутните зборуваа претседателите на заедниците Часлав Јовановиќ и Горан Зафировиќ.

    24 март е денот на сеќавање на убиените и настраданите во 78 дневната НАТО агресија во 1999 година, за да се сочува вистината за страдањата во Грделичката клисура, на Враварски мост, Сурдулица, Ниш, Алексинац, Белград, Панчево, зградата на РТС и за сите останати трагедии во цела Србија, кои ги донесоа НАТО бомбите. Државата Србија и српскиот народ, должен е да знае и да го памети злото кои други им го нанесоа, ако не поради друго, туку поради тоа да не се повтори- истакна Јовановиќ.

    Бомбардирањето на Србија беше пред 13 години, поточно од 24 март до 10 јуни 1999 година. Прво се напаѓаа само воените објекти, а подоцна и индустриските капацитети, инфраструктурата, болници... Тогаш загинаа над 1000 припадници на армијата и полицијата, и над 2000 граѓани, од кои 88 деца. Државата беше урнисана, а вкупната штета се проценува на 30 милијарди долара.

     По 78 дена беше потпишано примирје, по постигнување на Кумановскиот договор. Тоа значеше дека Србија мора да го повлече целиот свој воен потенцијал од Косово, а заедно со војската се повлекоа над 200 000 Срби, кои ги оставија своите домови и вековни огништа.Тоа што остана на Косово, цркви и манастири, во повеќе наврати се рушат и се спалуваат. Сега во северно Косово има само 30 илјади Срби, но Србија никогаш нема да се откаже од своите светињи, културното наследство и својата територија- истакна Зафировиќ.

    НАТО нападите не беа одобрени од Советот на безбедност, а беа користени и забранетите касетни бомби и бомби со осиромашен уранијум. Поради тоа поседиците од зголемените канцерогени заболувања на граѓаните се чувствуваат и денеска, како во Србија така и во регионот.