Мени

Среда неработна поради Ден на дрвото

28.11.2016 16:18 | KumanovoNews

Поради спроведување на акцијата „Ден на дрвото-Засади ја својата иднина", задутре,(30 ноември) е неработен ден за граѓаните, освен за вработените во здравствените институции, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.

 
Среда неработна поради Ден на дрвото

На денот на акцијата градинките ќе работат со вообичаено работно време.

 Од МТСП информираат дека датумот за одработување  дополнително ќе се определи.