×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Средношколци можат да аплицираат за американско училиште

    16.09.2014 07:21 | KumanovoNews

    На 3 октомври во основното училиште “Кочо Рацин“ ќе се врши пријавување и тестирање на ученици за младинска размена во американски семејства, стои на интернет страната на Министерството за образование.

    Средношколци можат да аплицираат за американско училиште

    Тестирањето се состои од три фази: тест по англиски јазик, пишување на есеј и официјален тест по англиски јазик. На конкурсот можат да се пријават ученици кои се прва и втора година средно образование, кои го познаваат англискиот јазик и да исполнуваат услови за добивање на виза во САД.

    Со оваа програма им се дава можност на учениците од Република Македонија, една учебна година (2015/2016), бесплатно да учат во американско средно училиште и да престојуваат во американски семејства домаќини.

    Програмата во целост е финансирана од Владата на Соединетите Американски Држави и е поддржана од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Амбасадата на Соединетите Американски држави.

    Вакви тестирања ќе има и во Штип, Струга и Скопје во различни денови.