×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Средношколците го блокираа влезот на градот

    07.05.2015 13:23 | KumanovoNews

    Кумановските средношколци денеска го блокираа излезот на градот кон Скопје, со барање Министерството за образование и наука да ги прифати целосно нивните барања од кои тие не отстапуваат.

    Средношколците го блокираа влезот на градот

    Учениците бараат да се полага матура по стариот модел, да се укине екстерно тестирање и да не се полага математика како дел од државна матура. Дел од барањата се прифатени, а за дел се сомневаат дека надлежните тактизираат  и немаат намера да најдат трајно решение.

    Од МОН изјавија дека оваа година ќе се полага матура по стариот концепт,  а веќе од идната година работни групи од средношколците и МОН заеднички ќе го изработувале тој концепт. Ние се сомневаме дека во тие работни групи МОН може да инфилтрира нивни луѓе и тие да ја конципираат државната матура како што на нив им одговара. Сметаме дека може да не завлечат многу години и многу генерации ќе си полагаат матура онака како што сметаме дека не треба. Математиката првин беше повлечена, а сега само за оваа година важи стариот концепт - изјави Никола Крстевски од Средношколски пленум Куманово.

    Учениците сметаат дека екстерното тестирање не го одразува знаењето и како такво треба да биде укинато. На денешниот протест, покрај ученици имаше и наставници и родители кои ги поддржуваат средношколците.

    Дојдовме денеска затоа што чувствуваме морална, професионална и етичка одговорност кон нашите ученици. Во исто време да покажеме дека длабоко се согласуваме со барањата на учениците. Низ еден деградирачки тест од 30 прашања, не може и не смее МОН да дозволи последниот збор да го има Државниот испитен центар - рече Билјана Димковска, претставник на Наставнички пленум.

    Родителите се загрижени за новите реформи во образованието, и сметаат дека истите само ги оптоваруваат учениците.

    Децата моментално учат во многу лоши услови. Се воведуваат многу работи за кои не сме подготвени. Наместо да обезбедиме подобри услови, да им биде програмата порастеретена, ние ги оптоваруваме со нешто што и на здравјето ќе им се одзрази - вели Елена Јаќимовиќ од Родителски пленум Куманово.

    Јаќимовиќ вели дека сите родители им даваат поддршка на децата, а Родителскиот пленум брои илјада членови. На протестот единствено не се приклучија учениците Албанци.