Мени

Автобус удрил ученичка додека се движел во рикверц

27.03.2026 15:13 | KumanovoNews

Шеснаесетгодишна ученичка се здобила со сериозни повреди откако била удрена од автобус во близина на училиштето во кое учела.

Автобус удрил ученичка додека се движел во рикверц

„Несреќата се случила вчера во 09:45 часот на патот пред средно училиште во Долно Којнаре, кога автобус „Ман“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(61) од село Алгуња, општина Старо Нагоричане, со кој се превезувале ученици, движејќи се наназад, удрил во 16-годишна ученичка од училиштето, од село Старо Нагоричане“, соопшти МВР.

Во несреќата ученичката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.