Средорек и четири улици без вода
25.02.2013 09:32
| KumanovoNews
Без вода за пиење утрово се граѓаните од населба Средорек и жителите на четири други улици во градот.

Вода нема на Пчински пат, “Страшко Симонов“, “Роза Луксембург“ и “Народна револуција“. Водоснабдувањето е прекинато поради дефекти на водоводните цевки. Се очекува за неколку часа дефектите да ги санираат вработени од ЈП“Водовод“.
Во меѓувреме други прекини во снабдувањето со вода не се регистрирани.