Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вода утрово немаат жителите на населба Средорек и на две улици во градот.
Без вода за пиење се граѓаните од улиците “Никола Тесла“ и “Веселин Маслеша“ во населбата Перо Чичо. Во сите три случаи се работи за дефекти на водоводните цевки. Од ЈП“Водовод“ велат дека нивни екипи веќе се на терен и работат на отстранување на овие дефекти.
Водоснабдувањето ќе се нормализира за неколку часа, а други прекини засега не се регистрирани.