Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Детско - младинскиот ансамбал „Срма“ од Куманово од 14 до 19 месецов ќе учествува на 8 - те по ред „Балкански денови“ во Минхен, Германија.
Фестивалот не е со натпреварувачки карактер, туку целта е да се претстави балканската култура и менталитет пред германската публика.
Покрај фолклор ќе има шандови, меѓу нив и македонски поставени од страна на Македонски културен центар „Илинден“. Ќе има оригинални маички со натписи, шалови, знаменца, прекрасно македонско вино, вкусни пити и погачи. Овој уникатен настан ја слави различноста на Југоисточна Европа, како што е промовирањето на дијалогот на културите во баварскиот град. Посетителите можат да се прилагодат на различни програма која нуди по нешто за сечиј вкус - вели Ивица Илијевски, претседател на Македонски културен центар „Илинден“.
„Срма“ досега настапувала во Романија, Грузија, Албанија, Шпанија, Полска, Кипар и други земји.
Организацијата „Помош од човек на човек“ скоро една деценија ја организира манифестацијата „Балкански денови“.