“Срма“ доби златна рипка во Романија
15.08.2014 11:44
| KumanovoNews
Детскиот младински ансамбал “Срма“ се закити со награда златна рипка на Меѓународниот фолклорен фестивал во Тулча, Романија.

Натпреварот беше за младинци до 20 години, а “Срма“ се претстави со сплет од кумановски игри, пирин, драчевка и калајџиско оро. На фестивалот учествуваа ансамбли од 10 земји и 13 романски друштва. “Срма“ по втор пат после долги години ја добива наградата златна рипка.