Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Детскиот младински ансамбал “Срма“ пред два дена, учествуваше на фолкорен фестивал во село Ораовица, радовишко.
На фестивалот членовите на “Срма“ се претставија со сплет кумановско поле, со што ја воодушевија публиката.
“Ние прв пат учествувавме на овој фестивал, и се помина одлично. Нашите членови добија силен аплауз од присутните. На фестивалот имаше 29 ансамбли, од Македонија, Бугарија, Црна Гора, БИХ, Србија, Косово“-вели Марјан Бошковски, кореограф.
Кон крајот на месецот “Срма“ треба да замине на фестивал во Анкара, Турција, но патувањето и нивното претставување таму ќе зависи од тоа дали ќе обезбедат финансиски средства.