Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Српската комедија “Љубовници“ утревечер во 20 часот ќе игра во Куманово како дел од фестивалот “Денови на комедија Куманово 2015“.
Кумановци претставата на продукцијата Призор од Белград ќе можат да ја погледнат во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“. Комедијата е работена по текст на Марко Камелоти, а во режија на Раде Вукотиќ. Во „Љубовници“ играат: Катарина Марковиќ, Бојана Ординачев, Сташа Радуловиќ, Срѓан Карановиќ и Марко Живиќ.
На затварањето на фестивалот во недела претставата “Идиоти“ ќе ја изведе кумановскиот театар.