Српската заедница го прослави Бадник
Српската заедница во Македонија регионална организација Куманово денеска го чествуваше Бадник.

По тој повод беше подготвена посна трпеза, а се кршење и погача со паричка.
Можете да забележите дека овде има посни јадења на маса, едно убаво дружење. Една од главните определби во Српската заедница е да одбележува и значајни верски празници. Еден убав момент. Јас би го искористил овој момент да честитам Нова година и божиќни празници на сите граѓани на Куманово - изјави Горан Зафировиќ, потпретседател на Српската заедница во Македонија.
Оваа година кум е Бобан Јаќимовиќ, советник од ДПСМ во Советот на општина Куманово на кого три години по ред му се паѓаше паричката. Тој вели дека 2015 година му била среќна година на личен и професионален план.
Ми се случија многу убави работи кои оставија впечаток за цел живот. Прво добив принова, син трето дете. Тоа беше најголемата радост после двете ќерки, добивме трето синче. На професионален план многу напредувавме. - рече Јаќимовиќ.
Оваа година паричката се падна кај Маријана Митковиќ од населбата Ајдучка Чешма. Таа очекува здравје, среќа, радост во 2016 година.
Не ни планирав лепче да земам, но среќа било да ми се падне мене. Очекувам среќа, здравје, радост, тоа е најважно. Доаѓам секоја година, но прв пат земам лепче и ми се падна паричка - рече таа.
Српската заедница традиционално петта година по ред организира заедничка прослава на Бадник.