Српски државјани повредени во сообраќајка на автопатот кај Романовце
02.05.2022 14:35
| KumanovoNews
Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје, во атарот на селото Романовце.

Сообраќајката се случила вчера во 03.35 часот, кога М.Д.(27) од Република Србија, управувајќи патничко возило „фолксваген туарег“, со српски национални ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Е.Ч.(23) од Република Србија, констатирани во Општа болница Куманово.
Увид на местото извршила екипа на СВР Куманово.