Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во сабота во 19 часот, годишен концерт ќе одржи културно-уметничкото друштво “Српски вез“.
За посетителите ќе има богата програма која ќе трае час и половина.
Ќе се претстави најмалата група со кореографијата левац, средната група со кореографија од Пчински игри и првиот ансамбал со два сплета, игри од кумановско поле и игри од Шумадија. Ќе настапи и огранокот од Старо Нагоричане со сплет игри од Србија и ќе се презентираат новите носии сошиени од работилницата. Ќе настапат и солистите од печајката секција Гордана Кузмановска и Дејан Петковски - изјави Далибор Китановиќ, претседател на „Српски вез“.
На концертот ќе има гости од Белград, Босилеград, Сурдулица, Бујановац, Врање и Скопје.
За билети граѓаните можат да се обратат во комитет на прв кат, секој работен ден од 10 до 14 и од 18 до 20 часот.