Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Културно-уметничкото друштво „Српски вез“ од Куманово, на покана на Туристичка организација Топола, КУД „Опленац“ и КУД „Слога“ од Вуковар, викендов беше на турнеја во Србија и Хрватска.
Детскиот ансанбл настапи на отворање на познатите 59 -тите „Опленачки берби“, една од најпосетените есенски манифестациии во Србија. Притоа фолклористите имале можност да се сретнат и поразговараат со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој ја посетил Кралската винарија Караѓорѓевиќ на Опленец.
„Претседателот Вучиќ во краткиот разговор со малите членови на „Српски вез“ уште еднаш искажа почитувањето и поддршката за се што „Српски вез“ го прави за промоција на културата и фолклорот во регионот и светот“, велат од КУД „Српски вез“.
Членовите на младинскиот ансамбл го посетиле и српското Собрание, а турнејата ја продолжиле во Вуковар Хрватска каде настапиле на Фестивалот за млади - Регионални средби на српските фолклорни друштва.
Покрај „Српски вез“, настап имале и културно-уметнички друштва од Унгарија, Романија, Австрија, Хрватска, БиХ и Србија.