×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ССМ:ДПСМ не е единствен претставник на Србите во државата

    05.05.2014 09:11 | KumanovoNews

    Од Српската странка во Македонија ја обвинуваат ДПСМ и лидерот Иван Стоилковиќ дека на последниот ден од предизборната кампањата го прекршил договорот за позитивна кампања и се претставил како единствен претставник на Србите во Македонија, а нив ги нарекол мала партија.

    ССМ:ДПСМ не е единствен претставник на Србите во државата

    Веднаш по формирањето скоро сите членови на Српска напредна партија во Македонија од Куманово и Старо Нагоричане се сегашни членови на Српската странка во Македонија. Општинските одбори во Гази Баба, Ѓорче Петров и Чучер-Сандево на ДПСМ се сегашни членови на Српската странка во Македонија, додека општинските одбори од неколку скопски општини, Велес, Росоман, Кавадарци, Неготино и Охрид по изборите ќе пристапат како општински одбори на Српската странка во Македонија- се вели во соопштението од СПМ.

     Од партијата тврдат дека тие меѓу другите активности секоја година запишуваат ученици и студенти во Р.Србија, организираат гласање во Р.Србија и помагаат при собирање документи за вадење на Српско држвјанство.

    Претседателот на Српска странка во Македонија Мирослав Јовановиќ го повикува претседателот на ДПСМ Иван Стоиљковиќ на телевизиски дуел за теми од животот и проблемите на Србите во Република Македонија.