Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мирјана Р.(75) од Куманово вчера напладне паднала од прозорец на стан од четвртиот кат и починала.
Несреќата се случила околу 13 часот во станбена зграда во близина на економското училиште, додека жената била сама дома. Според кажувањето на соседите, Мирјана живеела со ќерка и, која во моментот на несреќата била пред зградата.
Ветерот им турнал ќебе од прозорецот и ќерката слегла да го земе. Во моментот кога тргнала кон влезот да се врати во станот слушнала силен удар и ја видела мајка и падната во паркот. Веднаш повикале брза помош, но старицата починала. Жално е што Мира така го заврши животот беше многу добра жена- вели една од сосетките, која пред влезот го гледаше некрологот на вратата.
Таа раскажува дека безживотното тело на старицата било пред зградата неколку часа додека траел увидот на полицијата, а биле испрашувани и соседите од околните згради. Мирјана била болна и тешко се движела, а зошто се наведнала на прозорецот не е познато. Од полицијата потврдија дека се работи за несреќен случај.