Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учебниците постари од пет години ќе се заменат со нови, освен оние по математика и природни науки за седмо, осмо и деветто одделение.
За оваа намена ќе бидат потрошени седум милиони евра, потврдуваат од Владата. Ќе бидат испечатени нови учебници од прво до деветто одделение во основното образование и од прва до четврта година за средно образование.
Лани биле заменети учебниците по Кембриџ системот за математика и природни науки за прво, второ и трето одделение. Годинава ќе бидат сменети за четврто, петто и шесто одделение, а наредната година за седмо, осмо и деветто одделение.