Старо Нагоричане донираше за поплавените региони
Вработените во општина, советниците и жителите на Старо Нагоричане собраа хуманитарна помош за поплавените подрачја во Србија и БИХ.

- Хуманитарната помош се состои од вода за пиење, бебешка храна, детергенти, масло за јадење, средства за хигиена, тоалет хартија, пелени за деца, облека и др. Во акцијата за собирање на хуманитарна помош за поплавените подрачја се вклучи и Демократската партија на Србите во Македонија - општинска организација Старо Нагоричане - велат од општината.
Донации се собираа откако општинскиот совет донесе одлука Старо Нагоричане да се вклучи во акцијата за помош на Србија и БИХ. Пратката денеска беше предадена на Црвениот крст Куманово од каде потоа ќе се дистрибуира на полавените семејства. Акцијата за собирање помош ќе продолжи и во наредниот период.