Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најмногу се разговарало за развој на производството на здрава храна и заштита на животната средина. Еден од приоритетите за соработка на двете општини е регулација на реката Пчиња.
Делегација на Општина Старо Нагоричане, предводена од градоначалникот Миодраг Јовановиќ,минатата недела оствари средба со претставници од Регионална Стопанска Комора на Лесковец, Србија.
На состанокот се разговараше за актуелна состојба во стопанство во Старо Нагоричнане и Лесковец, како и за идна соработка на економски план на двете општини. Најмногу се потенцираше развојот на производството на здрава храна и заштита на животната средина.Еден од приоритетите за соработка е заштита и регулација на реката Пчиња, која предизвика големи штети од поплави во двете држави- се вели во соопштението од Општината.
На средбата присуствувала и Бранка Костовска претставник на Стопанска Комора на Србија во Македонија, која била примена од генералниот Секретар на Стопанска Комора на Лесковец, Јовица Ѓорѓевиќ.