Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Старо Нагоричане го претстави својот туристички потенцијал на третиот Саем за туризам во Охрид, кој се одржа од 17 до 19 јануари годинава.
- На саемот се претставивме со културно - историските споменици: црквите "Св.Ѓорѓи", Старо Нагоричане, црквите во Младо Нагоричане, двојната црква во Сув Ора, манастирите Забел и Карпино, спомен костурница Зебрњак, мегалитска опсерваторија Кокино и природни реткости бања Стрновац, реката Пчиња, Костоперска карпа. При тоа беа промовирани можностите на општината за развој на алтернативниот туризам - вели градоначалнокот Миодраг Јовановиќ.
Штандот на општината го посетиле и повеќе политичари, познати домашни и странски тур - оператори како и останати посетители, на кој им беа поделени печатени материјали за културно - историските споменици и природни реткости на општината.