×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Старо Нагоричане знае дека ние се грижиме и за селата, рече Спасовски

    01.07.2020 08:04 | KumanovoNews

    Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, вчера попладне имаше средби во Општината Старо Нагоричане, каде најголем дел од жителите на општината се занимаваат со земјоделство, при што беше зборувано за повисоките и редовни субвенции и за исплатата на заостанатите субвенции од предходната власт.

     

    Старо Нагоричане знае дека ние се грижиме и за селата, рече Спасовски

    „Голем дел од вас се занимаат овде со земјоделство и да знаете кога велиме нова развојна економија, мислиме и на модерно, европско земјоделство. Во Програмата се обврзуваме на годишна финансиска поддршка од 200 милиони евра, за земјоделството и руралниот развој. Се обврзуваме на бесплатна зелена нафта, за сите земјоделци, до крајот на мандатот. Ќе има двојно повеќе пари за поврат на персоналниот данок за земјоделците. Ќе има 20-процентно годишно зголемување на поддршката на жени земјоделки. Ќе има бесплатна обука на фармери за поефикасно искористување на ИПАРД средствата. Ова е дел од предивденото за земјоделците во Програмата на СДСМ“, рече Спасовски.

     Тој нагласи дека со отворањето на поглавјата на ЕУ - 2.5 милијарди евра од европските фондови ќе бидат достапни за новата развојна економија, за зелена нафта за земјоделство, за конкурентност, за капитални инвестиции, канализации, патишта, водоводи.

    На средбите се разговараше за политиките на рамномерен региоионален развој и за развојот како на градските така и на руралните средини.

    „Постигнувањата во овој Североисточен регион и во реонот на Старо Нагоричане го покажува тоа. Инвестиравме во овие три години како централна власт 1 милион 430 илјади евра за патна инфраструктура: за рехабилитација на регионалниот пат Младо  Нагоричане – Пелинце, 820 илјади евра наменивме за регионален водовод за Младо Нагоричане, за којшто се почнати подготвителните активности. Во рамки на рамномерниот регионален развој, 10 проекти со вкупна вредност од 82 милиона 61 илјада 357 денари се завршени или се во фаза на реализација: за подобри услови за рурален развој, за развој на туризмот и мобилноста во Североисточниот плански регион, за заштита на животната средина, за подоготвителни активности за повеќе локални патни правци. Никогаш вака како денес не се вложувало во нашата држава за рамномерен регионален развој, а можеме и уште повеќе и уште подобро, затоа продолжуваме во сигурна иднина и по 15 јули, рече носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, на средбите во Старо Нагоричане.