Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На 32 Меѓународен саем за туризам кој се одржа од 24-28 февруари во Белград, Општината Старо Нагоричане го презентираше туристички потенцијал пред туроператорите и граѓаните на Србија.
Општина Старо Нагоричане се претстави со своите познати туристички
локации :црквите "Св.Ѓорѓи", Старо Нагоричане, црквите во Младо
Нагоричане, двојната црква во Сув Ора, манастирите Забел и Карпино,
спомен костурница Зебрњак, мегалитска опсерваторија Кокино, природните
реткости, бањата Стрновац, реката Пчиња, Костоперска карпа и ја
промовира општината за развој на алтернативен туризам.
Штандот на општината го посетија повеќе туристички организации од
Р.Србија, како и познати странски тур - оператори, на кој им беа
поделени печатени материјали за културно - историските споменици и
природни реткости на општината.
На саемот имаше повеќе од 850 излагачи од повеќе земји.