Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До 26 месецов активните баратели на работа можат да аплицираат за една од трите мерки за вработување и тоа “Прва шанса“, обука кај познат работодавач со субвенционирано вработување и обука за занимања од сообраќајната струка кои се дефицитарни.
Со огласот ќе бидат опфатени дипломираните млади лица до 29 години кои завршиле високо образование во студиската 2012/2013 година. Субвенционирањето ќе биде по моделот 3+6, кој предвидува три месеци субвенционирано вработување и шест месеци обврска на работодавачот да го задржи лицето на работа. Тие ќе примаат месечна бруто плата од 13.000 денари.
За втората мерка обуката ќе трае до три месеци, а работодавачот ќе има обврска да вработи најмалку 50 проценти од оние кои ќе учествуваат во обуката. Невработените ќе земаат месечен надоместок од 5.700 денари со вклучено осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. По завршувањето на обуката, ќе биде обезбедена субвенција за бруто плата на невработеното лице во висина од 13.000 денари, а работодавачот ќе мора да го задржи на работа во следните 12 месеци.
Со обуката за занимања од сообраќајната струка ќе бидат опфатени 30 - тина невработени од земјава кои ќе се стекнат со правото да полагаат возачки испит за „Д“ категорија за автобус по што ќе имаат можност да се вработат кај превозници.