Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На хируршкото одделение во Општа болница Куманово од денеска стартуваат лапароскопски операции.
Со помош на професори од Скопје досега се реализирани 50 лапароскопски операции кои отсега лекарите сами ќе ги изведуваат.
Нашата болница оди напред во оваа насока. Можам да кажам дека обемот на работа на хируршкото одделение е зголемен. Пред минатата година имавме околу 1150 извршени операции, а репертоарот на хируршките интервенции е проширен. Се работат покомплицирани оперативни интервенции и тоа се со цел ние да се придржуваме кон главните начела на нашиот менаџмент дека нашите сограѓани треба сите здравствени услуги да ги имаат овде - изјави Ариф Латифи, директор на Општа болница Куманово.
Тој се пофали дека досега се направени 15 ендоскопски операции со што граѓаните ќе заштедат време и пари и нема да мора да одат во здравствени установи во Скопје.
Да се заблагодарам на управата наша која ни помогна да набавиме се што ни е потребно за да работиме и на соработката со Хируршките клиники, посебно со Клиниката за дигестивна хирургија и Клиника за урологија. Имавме чест да не учат и да доаѓаат наши ценети професори од двете клиники и ден денеска доаѓаат и помагаат за консултации - рече Методија Димковски, началник на хируршко одделение.
Предноста на лапароскопските операции е тоа што пациентот побрзо закрепнува, нема лузни и брзо по операцијата е подвижен.
Хируршкото одделение е добро екипирано, има 17 лекари вклучувајќи ги тука специјалистите, субспецијалистите и специјализантите.