Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Стечајните работници денеска напладне се собраа пред зградата на УЈП во Куманово, барајќи УЈП да им ги стопира извршните решенија за неплатена радиодифузна такса.
Велат дека засега немаат примања и не се во можност да ги подмират долговите.
Доста ни е од решенија и опомени. Дојдени сме тука да го искажеме нашиот револт и имаме молба да се пролонгира рокот. Државата ништо не направила за ова категорија на луѓе. Не сака да го прифати ни предлог законот за обештетување. Не сака ни да ги вработува овие луѓе, а издава решение за присилна наплата. Еден апел до Владата, по пример на локалната самоуправа во Куманово да си најде компромисно решение. Или нека се пролонгира или да се ослободат луѓето од радиодифузна такса. Бенефиции за комуналии имаме од локална самоуправа. Државата тотално кренала раце од нас - рече Лилјана Ѓорѓиевска, претседател на УНИТ.
Од Регионалната дирекција на УЈП во Штип велат дека тие не се надлежни за регистарот на обврзници кои треба да плаќаат радиодифузна такса, ниту пак од нив зависи висината на таксата. Потенцираа дека УЈП во овој случај ја има улогата на сервис кој само врши наплата.