×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стечајците бараат вработување

    09.04.2015 10:24 | KumanovoNews

    Стечајните работници од здружението УНИТ, денеска протестираа пред Центарот за вработување Куманово, со барање надлежните да им овозможат да примаат по 6000 денари месечно до следно вработување или пензионирање.

    Стечајците бараат вработување

    Претседателката на УНИТ, Лилјана Георгиевска вели дека ако ова барање се реализира, во меѓувреме постепено стечајците може да се вработуваат. Георгиевска бара власта да престане да ја манипулира оваа категорија на граѓани, бидејќи и онака се на работ на егзистенција.

    “Етапно нека не вработуваат како знаат и умеат. Знаеме колку има фирми во Куманово и Македонија и знаеме дека тоа ќе биде еден забавен процес, и дали ќе ги опфати сите е прашање. Со полно право бараме да не обештетат, со 6000 денари, со тоа што и тие ќе имаат право да бараат работа за нас и да вработуваат. Знаеме дека оваа категорија на бивши работници е најзагрозена во Република Македонија. Со години сме без денар, и ако сакаше премиерот да го реши овој проблем имаше 8-9 години. Не подлегнуваме на манипулации, туку ја продолжуваме нашата борба за нашите права“-изјави Георгиевска.

    Тројца членови од УНИТ беа примени кај директорот, кој им ветил дека штом ќе ги добие пакет мерките за вработување од Владата, ќе видат дали истите одговараат за вработување на стечајците.

    По Велигден од УНИТ ќе потпишуваат петиција за исполнување на нивните барања, ќе протестираат во Скопје пред ресорните министерства и Владата.

    Денеска протести пред Центрите за вработување има во повеќе градови во Македонија.