×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стечајците поднесуваат барања за обештетување

    24.02.2014 15:19 | KumanovoNews

    Во Центар за вработување Куманово поголем број стечајци поднеле барања за да го остварат правото на материјално обезбедување.

    Стечајците поднесуваат барања за обештетување

    Се примаат барањата на сите стечајци, но тие треба да ги исполнуваат следните услови: по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок да останале без работа во претпријатије со доминантна државна сопственост, на денот кога им престанала работниот однос да имале 25 години работен стаж и да останале без работа во период од 2000 до крај на 2013 година.

    Стечајците треба да дојдат со важечка лична карта и ако имаат некаков документ за паричен надомест или технолошки вишок можат да го донесат. Барањата ќе бидат примени во едношалтерски систем. Вратите на сите канцеларии ќе бидат отворени за стечајците. Даден е временски рок од 30 дена за поднесување на барањата и нема потреба да брзаат - вели Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.

    Се очекува по 10 март да бидат познати фирмите кои ќе бидат опфатени со Законот за материјално обезбедување на невработените лица.

    Со законот е предвидено овие лица да земаат месечно по 7.100 денари плус здравствено осигурување.