Стечајците утре пред Влада
Стечајните работници кои скоро три месеци штрајкуваат со глад, утре ќе протестираат пред Владата. Организирано со неколку автобуси во 10 часот ќе тргнат од Куманово, а со стечајците од другите градови ќе се чекаат на Автокоманда во Скопје, од каде заедно ќе заминат пред зградата на Владата.

- Протестот ќе биде масовен и ќе се вклучат сите стечајни работници во државата. Сакаме уште еднаш да го потсетиме премиерот Никола Груевски дека ќе мора да се соочи со нашиот проблеми и нема да отстапиме од своите барања- вели пртеседателката Лилјана Георгиевска.
Стечајците за ваков чекор се одлучиле поради тоа што власта ги игнорира нивниоте проблеми.