×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стечајците во Куманово незадоволни од решението на Владата

    15.01.2014 11:02 | KumanovoNews

    Стечајците од Куманово не се задоволни од Законот за стечајни работници, кој вчера го понуди примерот, за решавање на статусот на стечајците од фирмите со доминантна државна сопственост, кои останале без работа од 2004 до крајот на 2013 година.

    Стечајците во Куманово незадоволни од решението на Владата

    Лилјана Георгиевска, претседател на УНИТ вели дека и овој закон е селективен како оној во 2008 година и ќе опфати мал дел од стечајците, додека останатите пак ќе извисат.

     Во Куманово само мал број на стечајци ќе бидат опфатени со овој закон, едвај 2 отсто. Со законот на Стојан Стојанов пред 6 години беа обештетени само 11 стечајци. Во Куманово најголем проблем е што повеќето фирми што беа во државна сопственост сеуште не е завршена стечајните постапки или работниците останале без работа откако фирмата е приватизирана. Таа категорија на стечајци не е опфатена ни со овој законот, а ние бараме сите да имаме ист третман. Еве јас како поранешна вработена во ЗИК немам право за надоместот и здравственото осигурување затоа што не е завршена стечајната постапка - изјави Георгиевска.

    Стечајците се разочарани што Владата ќе ги подели, бидејќи повеќето од нив не ги исполнуваат условите кои вчера ги наведе премиерот.

    Јас сум работник од АД “Киро Фетак“, а од 2000 година стечаец. 13 години сум под биро за вработување, а имам 20 години стаж. Овој закон не ме опфаќа. Ние сме трета категорија граѓани за оваа држава, како да не постоиме - вели Ѓуро Митровски, стечаен работник.

    Според премиерот се очекува со законот да бидат обештетени 3000 стечајни работници.

    Георгиевска тврди дека во Македонија има 6000 стечајни работници.