Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Според податоците во Центарот за јавно здравје, последнава недела регистрирани се 55 ново заболени што е двојно помалку во споредба со предеходната недела.
"Последниве четири недели има регистрирано 426 случаи што е видно помала бројка, споредено со февруари кога имаше најголем број на заболени. Станува збор за сезонско намалување на грипот "- вели доктор Јадранка Стаменковска, епидемиолог од Центарот за јавно здравје.
Заболените се од 15 до 64 годишна возраст. Вкупно во Куманово од почетокот на сезоната регистрирани се вкупно 1331 заболен од грип.