Сточарите од Љубодраг утре повторно ќе протестираат, не даваат да им се уништат свињите кои немаат африканска чума
Жителите на кумановското Љубодраг, утре два часа од 10 до 12 часот ќе го блокираа стариот пат Куманово-Скопје, по најавата на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) дека ќе ги уништуваат свињите, откако пред шест месеци во селото беше регистрирана случај на болеста африканска чума.

Тие обвинуваат дека целата постапка е многу нелогична, затоа што поминало толку време откако била откриена болеста во едно одгледувалиште, и тврдат дека сега ќе се уништуваат здравите свињи.
„Протестот ќе трае додека директорот на АХВ не го повлече решението за уништување на свињите, инаку издадено пред 6 месеци кога наводно во едно одгледувалиште во село Љубодраг е угината свиња од афричка чума. Од тогаш нема болни и угинати животни, и затоа нема да дозволиме екипите на АХВ и Ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ да влезат во селото, и ги повикуваме и жителите на околните села да ни се приклучат на протестот“, стои во соопштението од масната зедница на Љубодраг.
Жителите на Љубодраг, Умин Дол и Ново Село протстираа и во октомври, поради истата причина, по што уништувањето на добитокот беше спречено.