Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Проблемите со вода ќе станат минато за Куманово, а досегашните недоразбирања со Водостопанство ќе бидат најскоро надминати, најави новиот директор на ЈП „Водовод„ Горан Стојковски, кој денеска официјално стапи на новата функција.
Решението да го води претпријатието во наредните четири години му го врачи лично градоначалникот Зоран Дамјановски пред новинарите.
На новиот директор му посакувам успешна работа и што побрзо да се соочи со новите предизвици. Со целосна подршка на Советот на Општината, локалната администрација и мене како градоначалник се надевам дека ЈП „Водовод„ ќе има подобри резултати и ќе се надминат недоразбирањата со Водостопанство Кумановско-липковско поле. Мислам дека со менаџерскиот тим кој ќе го формира новиот директор ќе го рехабилитира претпријатието- рече градоначалникот Дамјановски.
Новиот директор за почеток не планира да го менува раководството на претпријатието.
Јас овој менаџерски тим кој до сега работеше во овие услови и под ваков притисок го сметам за успешен и сеуште е рано да разговараме за тоа. Ќе ја видам конкретно ситуацијата и засега не планирам никакви промени. Сите промени ќе бидат со градоначалникот и со моменталните услови- изјави Стојковски.
Тој потенцираше дека ќе бара ред, работа и дисциплина од вработените, споредувајќи ги со германски тим.
Еден спортски коментатор за една германската екипа кажа дека ги краси ред, работа и дисциплина. Ние сме далеку од Германците, не би сакал да бидеме како нив поради нашите лични карактеристики како Македонци, но некои основни работи кои сега не функционираат ќе ги подигнеме на повисоко ниво и врз основа на тоа да имаме успешна работа -додаде директорот.
Директор се заблагодари на подршката на градоначалникоти најави успешна соработка со Советот и сите други надлежни институции.