Стоп за насилството и давање шанса за еднаквост
Во Куманово синоќа се одржа трибина со наслов “Женскиот активизам и борбата против родовото базирано насилство“, организирана од Форумот на жени на СДСМ.

Со оваа активност започна кампањата под мотото „Сина Панделка – 16 дена женски активизам“. Пред присутните се обратија Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ, Марина Алексовска, регионален координатор на Форумот, Атина Мургашанска, општински координатор, модераторот Маринела Тушева, како и Мила Царовска од комисијата за труд и социјална политика на СДСМ и Елена Димушевска од Мрежата за борба против семејно насилство.
Оваа трибина и сите активности што ги имаме и во месните организации ќе биде само уште една потврда дека СДСМ како лево ориентирана партија им дава можности на сите еднаква шанса да учествуваат во општествениот живот, изјави Атина Мургашанска, општински координатор на Форум на жени на СДСМ.
Во земјава 86 отсто од жртвите на семејното насилство се жени, заради што е потребно се повеќе јавно да се зборува за оваа проблематика, кажа модераторот Тушева.
На трибината беше кажано дека жртвите немаат заштита од институциите.
Родово базираното насилство е многу важно да потенцирам дека не се однесува само на семејно насилство, туку се она што ни се случува околу нас во делот на психолошко, насилство на работно место, демнење на улица пример од поранешен сопруг. Родово базираното насилство не се однесува само на жените, се однесува и на мажите кои што заради својата улога се донесени во понеповолна положба. Затоа родово базираното насилство значи демократија, рамноправност во општеството - вели Мила Царовска од Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.
Трибини на различни теми поврзани со правата на жените работнички, алкохолизмот , дрогата, психичкото вознемирување на работното место ќе се одржат во Штип, Кавадарци, Битола, Гостивар, Гевгелија, а на завршната конференција во Скопје ќе се зборува за ратификација на Конвенцијата за заштита од сите форми на насилство врз жените односно Истанбулската Конвенција.