×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Странски волонтери ќе организираат уличен фестивал

    08.04.2014 09:59 | KumanovoNews

    Дванаесет странски волонтери преку Европскиот волонтерски сервис и невладината “Стритс Фестивал“ во наредните два месеци ќе престојуваат во Куманово и ќе организираат мини баскерфест.

    Странски волонтери ќе организираат уличен фестивал

    Волонери од Франција, Италија, Португалија, Полска, Турција и Романија на тој начин ќе ги промовираат различностите и мултиетничноста на градот, која треба да се сочува и цени.

    Ќе работат со луѓе кои работат драма и акробација и заедно ќе подготвуваат мини баскерфест. Оваа година на овој начин решивме да го одбележиме стрит фестивалот кој претходните години се оддржуваше како музички фестивал, меѓутоа оваа година ќе биде фестивал каде ќе се промовира различноста - вели Катерина Георгиевска од “Стритс Фестивал“.

    Волонтерите освен во Куманово и околината активности најверојатно ќе имаат и во околните градови Кратово, Крива Паланка, Пробиштип, Скопје со цел да ги анимираат младите.

    Првпат сум овдека и мислам дека младите се многу топли, жив е градот, улиците, убаво се живее. Ќе бидеме тука до крајот на мај. Ќе направиме уличен фестивал, ќе имаме уметнички активности, ќе фотографираме - рече Симон Валеген, волонтер од Франција.

    На младите волонтери им се допаѓа тоа што во Куманово запознале пријатели од различни националности.