×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стравот го разорува психо-физичкиот развој на човекот

    29.09.2015 09:08 | KumanovoNews

    Стравот ако потрае подолго време го разорува психо-физичкиот развој на човекот, вели гешталт психотерапевтот Јасминка Наумовска.

    Стравот го разорува психо-физичкиот развој на човекот

    Таа заедно со Зоран Ѓорѓиевски, професор по филозофија и Горан Стевчевски, м-р по психолошки науки синоќа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ одржа трибина на тема „Страв- како да го надминеме и да се ослободиме од стравот“.  Наумовска објаснува дека со денешното брзо темпо на живот, луѓето имаат многу обврски и кај нив секако се јавува страв, а  стравот делува деструктивно врз човекот. Стравот е стар колку и човекот и го претвора човекот во роб.

    Денешниот човек живее многу брзо. Неговите обврски се сврзани со времето со што тој си создава напнатост, тежина, стрес, страв. Сакам да акцентирам, дека ако една ваква состојба со ист интензитет трае подолго време тогаш со сигурност делува разорно на телото и духот. Ретко кој човек живее во една состојба на душевен мир. Тука треба нешто да се менува. Стравот е нашиот најголем пријател, но воедно и наш непријател. Тоа е природна, вродена реакција на некоја закана, болка или опасност, реална или замислена. Кој е лекот за стравот? Да го прифатиме и да се соочиме - изјави Наумоска.

    Таа вели дека многу важна за совладување на стравот е свесноста. Стевчевски свесноста ја дефинира како пронаоѓање, будење и вградување на чувството на љубов во себе.

    Професорот Ѓорѓиевски секојдневно е во контакт со адолесценти и од свој аспект говореше за стравот.

    Наумовска вели дека кај луѓето постои и  страв од смртта, и се помалку има топлина во меѓучовечките односи.