×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Строги казни за дивеење на спортски натпревари

    16.10.2013 11:55 | KumanovoNews

     Парични казни од 500 до 5000 евра ќе бидат изречени за учесници во нереди на спортски натпревари, внесување на алкохол, наркотични средства, пиротехнички материјали, палење на знамиња, пеење на националистички песни, тепачки и слични прекршоци.

    Строги казни за дивеење на спортски натпревари

    За новите одредби во Законот за спречување на насилство на спортските терени денеска дискутираа претставници од спортските клубови во Куманово, Општински сојуз на спортови и СВР Куманово.

    При тоа беше потенцирано дека организаторите во рок од 48 часа пред почетокот на натпреварот треба уредно да пријават во Полиција и да обезбедат редари од свои редови или од агенција за обезбедување. Организаторите ќе предвидуваат колкав е ризикот да дојде до инцидент, а полицијата одлучува колку службеници ќе испрати на спортските терени.

    - Пред натпревар уредно се најавуваме не два, туку четири дена однапред. Се случувало полицијата да не стигне на време и делегатите не почнуваат натпревар бидејќи така е предвидено во статутот на Фудбалска федерација на Македонија. Половина час се случувало да чекаат. Некогаш има 200, 300, 500 гледачи, но ризик може да има и ако се 15, 30 гледачи - вели Дејан Додевски, претседател на клубот за мал фудбал “КМФ Биџо“.

    Од велосипедскиот клуб  “Вело - М“ потенцираа дека досега имале добра комуникација и соработка со полицијата.- Ние сме давале плакети и сме изразувале благодарност до СВР Куманово.

    Досега не сме имале проблеми никакви. Кога ќе видам натпревар со девијации, тоа е срамно за гледање. Законот е сосема на место и ќе ме радува навивачите во иднина да навиваат културно - изјави Марјан Петровски, спортски директор на “Вело - М“.

    Во Законот за спречување на насилство на спортските терени последните измени се направени  во 2011 година, а со новите измени кои наскоро ќе бидат вметнати за палење на знаме, нарушување на јавниот ред и мир на натпревари ќе има и затворски казни.