×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стручен медицински персонал и техничка помош за Општата болница – Куманово

    24.03.2020 23:55 | KumanovoNews

    Стручен медицински персонал и техничка помош за потребите на Општа болница – Куманово ќе обезбеди Владата, со цел да се извршат што поголем број на тестирања од коронавирус и навремено и точно да следи состојбата со инфицираните лица во Куманово.

    Стручен медицински персонал и техничка помош за Општата болница – Куманово

    - Со оваа одлука се задолжуваат Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје да подготват посебен план со екипи за да се преземат сите потребни мерки и активности за да се спроведе поголем број на тестирања на подрачјето на територијата на општина Куманово, со цел  континуирана детекција и организација на следење на состојбата со бројот на инфицирани лица од коронавирус (COVID-19), за поефикасен третман на истите, како и да се упати стручен медицински персонал и да се обезбеди техничка помош за потребите на Општа болница – Куманово, - соопштуваат од Владата.

    И Општинскиот штаб за заштита и спасување, на вчерашниот состанок побара од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство да изврши тестирање на сите здравствени работници и сите вработени во СВР и ТППЕ Куманово и да продолжи со континуирано тестирање на граѓаните на територијата на Општина Куманово.

    Во Куманово досега има осум заразени од коронавирус. Тројца од нив се здравствени работници, двајца доктори и медицинска сестра. На инфективното одделение пред три дена почина 57-годишна пациентка, а нејзиниот син е позитивен. Во двата случаи тестовите прво биле негативни.

    Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во државата, вчера до 12.00 часот изнесуваше 148 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

    (фото: архива-кумановоњус)