×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стручни обуки за работа на гасоводниот систем

    18.05.2010 18:12 | KumanovoNews

     Претставници на познатата германска фирма за монтирање и сервисирање на гасоводни системи „Фисман„ за вработените во ЈП „Кумановогас„ и нивните деловни партнери организираше обука за работа на гасоводниот систем.

    Стручни обуки за работа на гасоводниот систем

     Наскоро ќе започне потрошувачката на природниот гас и за таа цел е неопходна поголема обука на вработените.На обуката присуствуваат наши вработени и монтажери и сервисери на опремата на „Фисман„ со кои ние поматаму ќе соработуваме. Дводневната обука опфаќа запознавање со целокупната програма на производителот и проблематиката на гасоводниот систем, од поставување на инсталација, мерни инструменти за потрошувачката, пробно пуштање во работа, монтажа, сервисирање и одржување на системот и опремата- вели Видан Арсиќ проектант во ЈП „Куманово гас„.

    Од „Фисман„ велат дека се неопходни ваквите стручни обуки, бидејќи за нивните производи е потребна квалитетна подршка на терен.

    Ние дојдовме да го пренесемо нашето знаење и искуство во Кумановогас и работниците полека да ги стекнат основни информации за нашите производи, да најдат вистинска примена и да ги дадат вистинските резултати. Тука се луѓе кои веќе имаат доста искуство во техниката, и на нив котловите и системите за греење им се познати. Ова што денеска им го презентираме е ново само во сегментот на гасот и новите технолошки решенија на таа тема. Ние работиме и со мали и големи системи и не постои систем кој ние не можеме да го решиме - вели предавачот Владимир Вуличиќ од „Фисман„  

    Според очекувањата на Локалната власт и ЈП „Куманово Гас„ првите количини на овој природен енергенс во Куманово ќе потечат во почетокот на есента. Дотогаш треба да се адаптираат на гас постоечките котли кај големите потрошувачи како што се Домот за стари лица, градинката Синолочка, училиштето „11 Октомври„ и останатите стопански објекти и локалните институции. Со тоа Куманово ќе биде првиот град во Македонија, кој гасот ќе може да го користи во поширока употреба, односно за институциите и домаќинствата.