Мени

Струјата од 1 јануари ќе поскапи за 2,59 отсто за првите два блока

23.12.2025 15:31 | KumanovoNews

Од 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45 отсто во првиот блок, за 2,87 отсто во вториот блок, за 3,32 отсто во третиот и за 3,84 проценти во четвртиот блок, додека евтината тарифа ќе се покачи за 2,5 отсто.  

 

Струјата од 1 јануари ќе поскапи за 2,59 отсто за првите два блока

„Наместо предложеното зголемување од 7,66 отсто што ЕВН ХОМЕ го достави во одлуката, РКЕ по спроведени анализи и повторни пресметки, одлучи во првиот блок да има корекција од 2,45 проценти. Во вториот блок цената ќе се зголеми за 2,87 отсто, додека предлог зголемувањето на ЕВН ХОМЕ е 8,54 проценти. Во третиот блок цената ќе се зголеми за 3,32 отсто, иако беше предложено да има зголемување од 9,63 проценти и во четвртиот блок зголемувањето е 3,84 отсто, наместо предложените 11,86 проценти“, соопшти денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

Тој посочи дека поскапувањето за 85 отсто од домаќинствата ќе биде за 2,28 отсто или за 57-70 денари на просечната сметка.

Податоците на комисијата покажуваат дека мнозинство од потрошувачите, односно 64%, се наоѓаат во првиот блок, додека речиси 21% влегуваат и во вториот блок на потрошувачка.

Во однос на евтината тарифа, ЕВН Хоме предложи зголемување за 3,96 отсто, додека РКЕ одлучи да се корегира за 2,5 проценти.