Студенти ќе одржат концерт по гитара
05.05.2014 07:01
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, утревечер во 19.30 часот концерт по гитара ќе оддржат студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Студентите кои ќе се претстават пред кумановската публика се во класата на вонредниот професор Тања Јанкова.
За љубителите на сериозната музика оваа недела во малата сала ќе има два концерти.