×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Субвенции на селски домаќинства за туристички цели

    06.02.2020 11:32 | KumanovoNews

    Селските домаќинстава кои се занимаваат со рурален туризам ќе добијат субвенции од државата.

    Субвенции на селски домаќинства за туристички цели

    На јавниот повик „Субвенции за туристички цели на селски домаќинства“, можат да се пријават сите физички лица, кои вршат угостителска дејност.

    Проектот предвидува на сопствениците на куќите да им се покријат 60 отсто од трошоците за оваа намена, под услов тоа да не е повеќе од 200.000 денари по домаќинство. Објектот мора да биде уреден согласно традицијата на крајот во кој што се наоѓа, како и да се служи храна вообичаена за тоа подрачје, да нуди услуги за сместување (најмалку до 5 соби), како и надворешниот изглед на куќата да биде без оштетувања и знаци на дотраеност.

    Разгледувањето на апликациите и утврдувањето на исполнувањето на условитеод јавниот повик, Комисијата ќе го врши според принципот „прв пријавен-прв услужен“, се` до исцрпување на предвидените средства.

    Оние кои аплицираат ќе треба да докажат дека инвестирале за оваа намена.

    Краен рок за пријавување е 30 септември 2020 година.